Шведска со ракометна лекција за Хрватите

Ракометарите на еден од кодомаќините на Европското првенство, Шведска со максимален учинок ја заврши првата фаза на континенталниот собир откако вечерва славеше против актуелниот светски вицешампион Хрватска со убедливи 33-25.

Швеѓаните во текот на целиот натпревар беа за класа подобар противник од Хрватите и на крајот и повеќе од заслужено стигнаа до конечен триумф од 33-25. Рогановиќ и Јохансон со по пет гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Срна заврши со седум гола.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...