Швеѓаните дрски: „Ги ‘разбивме’ фрустрираните Хрвати“

Хрватска загуби од Шведска со 33-25 во третото коло од првата фаза на Европското првенство, по што „коцкестите“ сега нема да пренесат ниту еден бод во втората фаза од натпреварувањето, додека Шведска пренесува два.

Избраниците на Дагур Сигурдсон речиси и да немаа шанси за победа во ниту еден момент од играта. Во главната рунда на ЕП 2026, хрватските ракометари во петок стартуваат против Исланд, додека во недела играат против Швајцарија. Потоа следат натпревари со Словенија во вторник и со Унгарија во среда. Само двете најдобри репрезентации ќе се квалификуваат за полуфиналето на Европското првенство.

Шведска го чека вториот дел од Европското првенство во многу подобра ситуација. Начинот на кој Шведска го постигна триумфот ја воодушеви тамошната јавност. Најчитаниот шведски медиум, пренесува дека Шведска едноставно ја разби Хрватска.

„Требаше да биде најтешкиот противник, но Хрватска не беше натпревар за Шведска, која немаше проблеми против финалистите на минатогодишното СП. Ги разбивме фрустрираните Хрвати кои се обидоа со сè да ни влезат во глава, но ние не им дозволивме“ – пишуваат шведските медиуми.

Се вчитува...