Ракометна „фешта“: Данска во епска битка ја доби Франција

Днска се врати во игра за место во полуфиналето откако актуелните олимписки шампиони по голема борба славеа над Франција од 32-29. Дуелот во Хернинг донесе атомски ракомет и бројни возбудувања, Данците на моменти играа во грч поради огромното значење на средбата (пораз ќе значеше и огромен ризик од елиминација), но сепак во финишот најдоа начин да стигнат до победата на воодушевување на навивачите во преполната „Јискен Банк Боксен“ арена.

Првото полувреме донесе израмнет ракомет во кој двете селекции се менуваа во водство, Французите имаа „минус два“ пред крајот, но на одмор заминаа со 12-11 по погодокот на Гидсел. „Триколорите“ имаа два гола предност и на седум минути до крајот (26–24), но тогаш тргна данската фурија, па со три брзи гола светските и олимписки прваци поведоа со 26-27. Франција не се предаде, но Данците во своите редови го имаа Гидсел, кој постигна два гола за водство од 29-31, пред Киркелоке да ги постави конечните „плус три“ за Данска.

Гидсел покажа зошто е најдобар светски ракометар со девет погодоци, еден помалку имаше Питлик, додека Нилсен собра 11 интервенции на голот на Данска. Во таборот на Франција најефикасни во денешниот пораз беа Мин со седум и Деска со пет погодоци.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...