Поранешниот шведски репрезентативец со балканско потекло, Далибор Додер, во опширно интервју за „Мондо“ изјави дека не се согласува со тезата дека моменталниот ракомет е на највисоко ниво досега.
Додер, кој со Шведска освои бронза на Олимпијските игри во Лондон 2012 година и одигра над 150 натпревари за националниот тим, анализирајќи ја актуелната ситуација во спортот, вклучително и споменувајќи го македонскиот ас Кирил Лазаров, истакна дека според неговото мислење квалитетот на играта не е на врвот во споредба со минатите периоди.
„Денес го немаш Кирил Лазаров, а го имаш Гидсел, ама не е тоа – тоа. Ги немаш Карабатиќ, го немаш Балиќ… Тогаш беше така, имаше репрезентации со страшни играчи. И денес има играчи кои се добри, ама секогаш ќе се зборува дека порано било подобро. Твоите родители ти го кажувале тоа, моите родители ми го кажувале тоа, јас ќе им го кажувам тоа на моите деца. А што беше подобро претходно? Немаше игри, мобилни телефони. Бевме надвор, цело време си игравме…“, вели Додер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

