Ракометарите на актуелниот шампион Франција стигнаа до првата победа во главната фаза на Европското првенство откако денеска ја прегазија Португалија со убедливи 46-38.
Неверојатно прво полувреме ни приредија ракометарите на Франција откако успеаја да постигнат неверојатни 28 гола. Французите по првиот дел имаа огромна предност против репрезентацијата со која Македонија одигра реми (28-16), а во листата на стрелци се запишаа дури 10 ракометари на Франција.
Во вториот дел Французите само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 46-38. Дика Мем со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените дури пет играчи постигнаа по пет гола: Итуриза, Салвадор, Бранкињо, Фраде и Брандао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

