Гисласон: Браво за Волф, но ако играме вака и со Данска…

Германија стигна до втората победа во главната фаза, оваа селекција е единствената со максимален ефект во својата група, но селекторот Алфред Гисласон сепак е незадоволен од она што го гледа од своите избраници.

Анди Волф беше најзаслужен за триумфот со фантастични 23 одбрани против Норвешка, но Гисласон е свесен дека не може да се „крсти“ само во голманот на претстојните предизвици со Данска и Франција, дуели кои ќе бидат клучните во трката з аместо во полуфиналето.

„Можеме да му бидеме благодарни на Волф за овие два бода, бранеше извонредно, имаше 23 интервенции, браво за него. Сепак, морам да кажам дека имаме проблем. Играме многу лошо во нападот 30 минути од натпреварите, потоа се будиме во второто полувреме, но тоа нема да биде доволно на наредните мечеви. Ако почнеме вака против Данска, ќе губиме со 15 гола разлика, јасно е дека нешто ќе мора да се смени… Знаеме против кого ќе играме, притисокот ќе биде врз нив бидејќи не смеат да загубат, па можеби ние ќе уживаме повеќе во играта и тоа ќе се одрази на нашиот напад. Се надевам на подобра игра од денеска, а ако Волф фати 25 топки наместо овие 23, тоа би било супер“, прокоментира Гисласон по синоќешниот триумф.

Се вчитува...