Ракометарите од Исланд ја победија Шведска со 35-27 во второто коло од втората фаза на Европското првенство. Исланѓаните така се вратија по поразот од Хрватска и им го нанесоа првиот пораз на турнирот на Швеѓаните. Во моментов, Исланд, Шведска и Словенија имаат по четири бода и се на врвот на табелата во групата. Хрватска е четврта со два бода и натпревар помалку.
Исланд водеше во текот на целото прво полувреме, за да со 18-12 замине со предност на полувремето.
Шведска се врати на само еден гол негатива во 42. минута. Тогаш се чинеше дека Шведска оди на пресврт, но Исланд, со три едноподруго гола, повторно отиде на +4 (26-22) и успеа да се одлепи, до крајот и за убедлива победа.
Исланд беше предводен до победата од брилијантниот Виго Кристјансон со 11 гола. Бјарки Мар Елисон додаде шест гола, а Один Тор Рикхардсон пет гола. Голманот Виктор Гисли Халгримсон одбрани 12 удари.
Лоши вести за Хрватска
Хрватските ракометари денес навиваа за победата на Шведска бидејќи тогаш ќе беа целосно зависни од себе до крајот на турнирот. Со три победи по ред, тие ќе беа сигурни полуфиналисти без оглед на другите резултати. Сега сценариото целосно се менува.
Сега е лесно можно Хрватска да биде елиминирана со сите три победи до крајот на турнирот. Тоа би се случило ако Хрватска, Исланд и Шведска ги добијат сите свои натпревари до крајот. Тогаш рундата би се затворила со тие три репрезентации со по осум бода, а Хрватска би била елиминирана поради најлошата гол-разлика. Во тој круг, Хрватска има гол-разлика од -7, Шведска – 0, а Исланд +7.
За Хрватска, ситуацијата стана драматично комплицирана, па до крајот на турнирот, најверојатно ќе мора да ги добие сите натпревари и да се надева на неуспеси на Исланд и/или Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

