Данска ја преслуша и Германија, со стил до полуфинале

Данска е првиот полуфиналист на ЕП 2026 откако оваа селекција славеше над Германија со убедливи 31-26, па на едно коло до крајот веќе го осигура едно од првите две места во својата група. Данците експресно го оставија зад себе разочарувачкиот пораз од Португалија во првата фаза, па во главната рунда со победи над Франција, Шпанија и вечерва над Германија си обезбедија место за завршниот викенд од овој континентален собир.

Дуелот со Германците мина во израмнета борба во првото полувреме, па „црвено-белите“ на одмор заминаа со предност од 13-12. Пресуден се покажа стартот на второто полувреме, Германија за момент се најде со двајца ракометари помалку на теренот, што беше сосема доволно за Данците да земат залет. Предноста се зголемуваше од минута во минута, стигнa до најубедливи седум гола (16-23, 17-24… 20-27), по што рутински го приведоа мечот до крај и конечните 31-26.

Гидсел и Питлик повторно беа брилијантни со по осум погодоци, додека Нилсен собра 14 интервенции на данскиот гол. Во германската репрезентација најефикасни беа Ушчинс со шест пред Кестер и Гргиќ со по четири гола.

Данска е прва во групата со шест бода колку што има и Германија, Франција е трета со четири бода, но бидејќи Данците славеа и над двете селекции пласманот во Топ 4 на овој шампионат е загарантиран во пресрет на завршниот турнир во Хернинг.

Се вчитува...