По 12-ти пат во историјата, данската ракометна репрезентација се пласираше во полуфиналето на Европското првенство на кое е домаќин оваа година.
Во понеделник вечерта, Данците ја победија Германија со 31-26 и со тоа обезбедија место меѓу првите две селекции во групата 1 во главната фаза. Данска и Германија моментално имаат по шест бода, а Франција четири, меѓутоа, Скандинавците се подобри од двете селекции во своите дуели, па затоа нема да се грижат за пласман понатаму.
Со своето 12-то место меѓу четирите најдобри во Европа, Данците ја престигнаа Шпанија, која досега успеа да го стори тоа 11 пати, но оваа година нема бидејќи ја изгуби секоја математичка шанса.
Хрватска е високо рангирана на таа листа, со осум учества во полуфиналето на ЕП, додека Шведска и Франција имаат исто така по осум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

