Ракометарите на Исланд и Швајцарија одиграа без победник 38-38 во првиот натпревар од денешната програма од 3. коло од групата 2 од главната фаза на Европското првенство во Скандинавија.
Натпреварот почна фуриозно. И двете репрезентации не успеаја ништо да одбранат, а во нападот буквално погодуваа од секоја ситуација. Тоа донесе на пауза меѓу двете полувремиња да се замина со реми 19-19.
Во вториот дел Швајцарија прва се одлепи и во неколку наврати имаше и плус три. Сепак, Исланѓаните успеаја да се вратат во игра и да го одведат мечот во неизвесна завршница. Таму Швајцарците како и многу пати досега на шампионатот пропуштија голем број шанси, а на крајот се бранеа и од пораз бидејќи Исланд го имаше последниот напад. Сепак, Исланѓаните не го реализираа последниот напад и на крајот мечот заврши со реми 38-38.
Ноам Леополд со седум гола беше прво име во таборот на Швајцарија, додека кај Исланд Видарсон и Поркелсон постигнаа по осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

