Хрватска славеше над Словенија и направи џиновски чекор кон полуфиналето на ЕП 2026, но овој триумф беше прескапо платен ако се земе во предвид повредата на Звонимир Срна.
Извонредниот лев бек се повреди во првото полувреме од денешниот меч, во второто полувреме воопшто не се враќаше на терен, а селекторот Сигурдсон по мечот само ги потврди лошите вести.
„Го загубивме Срна и ќе мораме да најдеме замена за него“, изјави исландскиот стратег на клупата на Хрватска.
Хрватите утре во 18 часот ќе се сретнат со Унгарија во меч во кој победа им гарантира пласман во полуфиналето, што на програмата ќе биде в петок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

