Драма: Шведска веќе не господари со својата судбина

Шведска долго време играше најдобар ракомет на ЕП 2026, но ко-домаќинот со две слаби партии повеќе не господари со својата судбина. По вчерашниот убедлив пораз од Исланд, Шведска вечерва во трилер-завршница ремизираше со Унгарија (32-32), паѓајќи на третото место во групата.

Мечот го одбележа максимално израмнет ракомет во кој двете селекции блескаа во нападот, се мачеа во одбраната, а на периоди свои добри моменти имаа голманите Паличка на едната и Паласич на другата страна. Швеѓаните имаа 30-28, но Унгарија возврати со три гоола, поведе со 31-30, за на крајот овој дуел да заврши со поделба на бодовите.

За одбележување е чудниот судиски критериум, особено при последната акција на Унгарците на кое беше досудено пробивање иако шведскиот ракометар се наоѓаше во сопствените шест метри. Иако ја прегледуваа ситуацијата со ВАР, Германците не ја променија одлуката, па промашениот обид од сопствената половина на Паличка беше и последниот шут на овој драматичен дуел.

Унгарија со ова реми ги загуби сите шанси за пласман во полуфиналето, додека Шведска веќе не господари со сопствената судбина. Имено, доколку Хрватска слави на својот дуел со Унгарија, а Исланд биде подобар од Словенија, тогаш Швеѓаните дури и со победа на својот дуел со Швајцарија нема да се најдат на завршниот турнир во Хернинг.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...