Познати шеширите: Македонија го чека ривалот за бараж за СП 2027

Македонската ракометна репрезентација успеа во зацртаниот план, да се најде меѓу најдобрите 16 селекции на ЕП 2027 што им овозможи на нашите ракометари со улога на носители да влезат во ждрепката за баражот за СП 2027 што ќе се одржи викендов во Хернинг.

Директен пласман од европските селекции за следниот мундијал обезбедија најдобрите шест од ова ЕП: Данска, Германија, Исланд, Хрватска, Португалија и Шведска.

Македонија ќе ја има улогата на носител, па за ривал нема да може да ги добие Франција, Шпанија, Норвешка, Словенија, Унгарија, Швајцарија, Фарските Острови, Холандија и Австрија.

Потенцијални ривали на Македонија во претстојниот бараж се: Италија, Чешка, победниците од првата бараж рунда БиХ – Косово, Грузија – Израел, Украина – Словачка, Србија – Литванија, Полска – Летонија, Турција – Романија, Грција – Белгија и Финска – Црна Гора.

Ждрепката ќе се одржи в сабота во Хернинг, а селекторот Лазаров и неговите избраници се надеваат дека среќата ќе биде на наша страна и ќе избегнеме некој од потешките ривали какви што ги има на страната на неносители при ова извлекување.

Се вчитува...