ЕХФ ги потврди шеширите пред утрешната ждрепка за баражите за пласман на Светското првенство 2027 година во Германија.
Македонија е сместена во првиот шешир, и ќе ги избегне селекциите кои се заедно со неа, односно Франција, Словенија, Норвешка, Шпанија, Унгарија, Швајцарија, Фарски Острови, Холандија и Австрија.
Можни ривали на Македонија се Италија, Чешка, и победниците од останатите натпревари.
БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА СП
- ШЕШИР: Франција, Словенија, Норвешка, Шпанија, Унгарија, Швајцарија, Ф. Острови, Македонија, Холандија, Австрија.
- ШЕШИР: Италија, Чешка, Србија/Литванија, БиХ/Косово, Финска/Ц. Гора, Грузија/Израел, Грција/Белгија, Турција/Романија, Украина/Словачка, Полска/Летонија
Ждрепката ќе се одржи утре (сабота) во 15:00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

