Ситуацијата на Блискиот Исток драматично се влоши по отворениот конфликт меѓу Иран и американско-израелскиот сојуз, а посебно по убиството на Ајатолахот кој со Иран владееше цели 37 години.
Па, како одговор на сето тоа, Иран напаѓа цели низ целиот регион. Аеродромите во Бахреин, одредени цели во Дубаи и во Катар. Па, овие напади предизвикаа сериозни прекини во цивилниот воздушен сообраќај.
А, прекинот на воздушниот сообраќај – предизвикува прекин и на спортот.
Особено оној што зависи од неверојатно сложена логистика како Формула 1. Поради безбедносни закани, компанијата Пирели донесе одлука да го откаже дводневниот тест за гуми планиран во Бахреин.
Тестирањето што требаше да биде клучно за развојот на нови компоненти сега едноставно нема да се одржи. Причината е исклучиво од безбедносна природа. Во овој момент, никој не може да гарантира безбеден транспорт на опрема и персонал.
Според информациите, проблемите би можеле да бидат многу поголеми од еден откажан тест. Имено, неколку тимови од Формула 1, како и Формула 2 и Формула 3, веќе се соочуваат со потенцијално доцнење во испораката на нивната опрема.
Ова вклучува сè – од автомобили, до резервни делови, до основна инфраструктура потребна за работа во падокот. А, без него, одржувањето на тркачки викенд станува практично невозможно.
Исто така, како што е познато, и кошаркарската Евролига ги прекина натпреварувањата.
🇮🇱🇮🇷 Tel Aviv is flooded with chaos
A large number of injuries and deaths across Tel Aviv after the first wave of hypersonic ballistic missiles from #Iran pic.twitter.com/DdU7tZ2X0B
— SHADI (@shadi_qh) February 28, 2026
Навивачите ширум светот сега со право се плашат од можни одложувања или дури и откажувања на бројни следни настани, а клубовите не знаат што ќе се случува понатаму.
Факт е дека глобалниот спорт е тесно зависен од глобалната стабилност, која моментално ја нема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

