Ништо ново во Манчестер – Шешко донесе триумф на Јунајтед

Манчестер Јунајтед ја продолжи серијата добри игри со победата од 2-1 над Кристал Палас, уште еден меч во кој херој на „црвените ѓаволи“ беше Бенјамин Шешко.

Словенецот стрелаше во последната минута за ремито со Вест Хем, минатото коло донесе победа над Евертон, а повторно блесна и денеска со Палас, добивајќи конечно шанса во стартниот тим и постигнувајќи го победничкиот гол за својот тим. Интересно, Палас прв поведе во раната фаза од мечот преку Лакроа, а токму дефанзивецот се претвори од херој во трагичар на лондонскиот клуб откако на стартот од второто полувреме направи пенал над Куња, воедно добивајќи и црвен картон.

Бруно Фернандеш стрелаше прецизно за израмнување, а потоа Португалецот со одлична асистенција го проигра Шешко, а Словенецот со прекрасен шут со глава го матираше Хендерсон.

Резултатската криза на Тотенхем се продлабочи со денешниот пораз во лондонската пресметка со Фулам (2-1). Избраниците на Тудор мечот го загубија во потпросечните први 30 минути во кои примија два гола преку Вилсон и Ивоби, по што во вториот дел само го ублажија поразот преку Ришарлисон.

Нотингем во третиот меч од попладневната програма загуби на гостувањето против Брајтон.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...