Собослаи е пред потпис за двојно поголема плата

Доминик Собослаи е на добар пат да потпише нов договор со Ливерпул откако последната рунда разговори се покажа успешна, па двете страни сега се многу блиску до целосен договор за продолжување на соработката.

Унгарскиот плејмејкер има договор до 2028 година, но одличните партии што ги прикажува сезонава придонесоа тој да го привлече вниманието на гиганти како Реал Мадрид и Баерн Минхен. „Црвените“ затоа се решени што поскоро да ја затворат вратата за негово заминување од „Енфилд“, прифаќајќи ги барањата што ги имаше самиот фудбалер.

Имено, новиот договор на Собослаи ќе биде за неделна плата од 250.000 фунти, што е над двојно повеќе од она што Унгарецот го заработува во моментов.

„Црвените“ се со став дека тој апсолутно ја заслужува оваа плата, наметнувајќи се како лидер на тимот за годините што следат, со оглед на најавите дека Салах летово ќе си замине од „Енфилд“, а во јули 2027 се очекува истото да го стори и Ван Дајк.

Се вчитува...