Алисон Бекер не мрда од Ливерпул

Алисон Бекер ќе продолжи да го брани голот на Ливерпул и во следната сезона откако управата на клубот решила да ја активира клаузулата за продолжување на соработката уште една сезона.

Договорот на Бразилецот истекува на 30 јуни годинава, но неговите одлични партии само ја зацврстија одлуката на Арне Слот и на клупските директори, клаузулата за автоматско продолжување што може да ја активира клубот веднаш да стапи во сила.

За ова биле известени и челниците на Јувентус, италијанскиот гиганнт пред неколку месеци почна да разговара со Алисон, но тие преговори беа блокирани откако стана јасно дека Бразилецот ќе остане на „Енфилд“ уште најмалку една сезона.

Алисон Бекер е член на Ливерпул уште од 2018 година, кога пристигна од редовите на Рома за тогаш рекорден голмански трансфер од 72,5 милиони евра.

Се вчитува...