„Летечките пелистерци“ воодушевуваат во ЛШ (видео)

Е. Пелистер можеби не успеа да се пласира во нокаут фаза од ЛШ, но македонскиот првак на секој натпревар понуди атракции со кои воодушевуваше на терените ширум ракометна Европа.

Исклучок не беше ниту синоќешниот меч во Битола, на кој „зелено-белите“ со голот на Манасков во самиот финиш стигнаа до реми против ПСЖ.

Најубав погодок на мечот сепак беше цепелинот Кузмановски – Хосни на помалку од десет минути до крајот, капитенот одлично асистираше, а десниот бек со небесен скок ја прифати топката и потоа ја смести во мрежата…

Се вчитува...