Керик: Ме боли да кажам, но заслуживме пораз!

Мајкл Марик го претрпе првиот пораз како менаџер на Манчестер јунајтед откако „црвените ѓаволи“ загубија со 2-1 на гостувањето против Њукасл, и тоа во меч во кој повеќе од едно полувреме имаа еден фудбалер повеќе на теренот.

Не само што предноста не беше искористена, туку со примен гол од контранапад во судиското продолжение на крајот беше претрпен и пораз, што Керик го смета за заслужен.

„Њукасл заслужи да победи вечерва. Колку и да ме боли да признам, ние заслуживме да го загубиме овој натпревар. Не можеме да бидеме среќни од начинот на кој одигравме 90 минути. Неважно е дали си имал фудбалер или повеќе, важен е пристапот и ангажманот, а тоа не беше на посакуваното ниво. Не постојат изговори, сите сме одговорни за она што се случи на овој дуел“, истакна Керик.

Се вчитува...