Пресврт: Тотенхем нема намера да му врачи отказ на Тудор

Три порази од три меча е исходот на Игор Тудор на клупата на Тотенхем. И се чинеше дека му се заканува отказ, но сосема други информации доаѓаат од таборот на лондонскиот тим.

Управата на Тотенхем нема намера да му врачи отказ на Хрватот, и планира да му даде уште шанси во обидот да го спаси тимот од најлошото. Тудор го замени Томас Франк на клупата, но не тргна најдобро неговата ера во Премиерлигата.

Оваа одлука изненади многумина од навивачите, кои очекуваа дека ќе дојде до смена на Тудор, и ќе биде донесено големо име, кое ќе го спаси тимот од најлошото – од испаѓање во Чемпионшип.

Се ќе зависи од следните натпревари. Доколку продолжи црната серија, тогаш може да се очекува Тотенхем да добие и трет менаџер за оваа сезона.

Се вчитува...