ЛШ му се смешка на Олимпик Марсеј

Олимпик Марсеј дојде до важна победа на гостувањето кај Тулуз со 0-1. Тимот на Марсеј со тоа освои бодови кои може да бидат клучни за место во Лигата на шампионите идната сезона.

Херој на Олимпик Марсеј беше Мејсон Гринвуд кој го постигна единствениот гол во раната фаза од мечот, уште во 18. минута од средбата.

Воедно, тоа беше и единствената шанса на овој меч, кој се играше главно на средината на теренот, без многу сериозни прилики на двете страни.

Се вчитува...