УЕФА потврди: Откажан мега-дуелот Шпанија – Аргентина

Мега-пресметката меѓу Шпанија и Аргентина што популарно го доби називот „Финалисима“ сепак нема да се одржи, откако Аргентина ја одби понудата овој фудбалски спектакл да биде одржан на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

За потсетување, постоеше договор за „Финалисима“ да се игра во Катар, но оваа опција пропадна од безбедносни причини, поради конфликтот меѓу Иран и Израел во кој торпедирани беа и дел од соседните земји.

Како резервна опција беше посочен дуел во Мадрид на 27 март, со тоа што ќе беше закажан и меч меѓу истите ривали во Буенос Аирес во 2028 година. Сепак, Аргентинците го одбија овој термин, посочувајќи дека за нив единствена возможна варијанта е меч во Мадрид да се игра на 31 март, или по завршувањето на мундијалот

Ова не беше прифатено од страна на Шпанците, по што УЕФА попладнево и официјално потврди дека фудбалскиот спектакл е откажан.

Се вчитува...