Фудбалерите на Манчестер сити се освојувачи на првиот трофеј сезонава во англискиот фудбал откако славеа во големото финале од Лига купот на „Вембли“ во интересен натпревар против Арсенал со 0-2.
Првото полувреме помина во внимателна игра на двете страни, па на пауза се замина со најнепопуларниот резултат 0-0. Во вториот дел херој за „граѓаните“ беше младиот Нико О’Рејли кој со головите во 60. и 64. минута донесе голема радост за Пеп Гвардиола.
За Манчестер сити ова е 9. трофеј во ова натпреварување и сега Ливерпул е на само еден трофеј предност пред големиот ривал.
Arsenal 0 – [2] Manchester City – Nico O'Reilly 64'
byu/gbogaz insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

