Ива Пројковска четврти судија на мечот Барселона – Баерн Минхен

Нашиот најдобар женски фудбалски судија, интернационалката Ива Пројковска доби повторно признание од судиската комисија за УЕФА бидејќи е одредена да биде четврти судија на реванш мечот во полуфиналето на Лигата на шампиони за жени меѓу првакот на Шпанија Барселона и шампионот на Германија Баерн Минхен.

Мечот ќе се одигра на 3. мај на стадионот „Камп ноу“. Првата средба во Минхен заврши без победник 1-1.

Натпреварот ќе го суди една од најдобрите судии во Европа, французинката Стефани Фрапар, ќе и помагаат нејзините сонароднички Камила Сириано и Сихам Бодина. Контролор на судењето е Снежана Фучиќ од Хрватска.

Се вчитува...