Жозе Мурињо е високо на листата со желба на Реал Мадрид, но трофејниот стратег обелодени дека „кралскиот клуб“ нема стапено во контакт ниту со него ниту со неговиот менаџер.
Флорентино Перез е сериозно заинтересиран да го врати Португалецот на „Сантијаго Бернабеу“, Мурињо и во следната сезона ќе биде под договор со Бенфика, но во тој договор има клаузула за раскин во висина од три милиони евра.
„Сметам дека со сето она што го правам сите овие години, нормално е моето име да се споменува, долго сум во фудбалот и знам како одат тие работи. Сепак, конкретно за пишувањата за мојата преселба во Мадрид, нема ништо. Вистината е дека, наспроти се што се пишува, никој од Реал ми се нема јавено. Што се однесува до Бенфика, знаете дека имам уште една година од договорот. Тоа е тоа“, прокоментира Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
