Срамота: Калиниќ направи хаос и по мечот, тргна да се тепа со навивачи

Никола Калиниќ предизвика скандал со срамниот инцидент на дуелот со Златибор на кој српскиот репрезентативец почна тепачка на терен со противнички кошаркар, а идиотското однесување на овој играч продолжи и по натпреварот што Црвена Звезда шокантно го загуби.

Салата беше речиси празна, а Калиниќ при напуштањето падна на провокациите на еден од навивачите на трибините, се качи на трибината и почна вербална пресметка.

За среќа, беше спречен нов физички инцидент…. ќе беше премногу, дури и за Никола Калиниќ…

Се вчитува...