Зверев закажа финале со Синер

Александар Зверев е вториот финалист на Мастерс-турнирот во мадрид откако германскиот тенисер славеше со 2-0 во сетови во вечерашното полуфинале против Александар Блокс од Белгија.

Зверев направи брејк на самиот почеток, потоа поведе со 5-1 и заслужено го доби првиот сет со убедливи 6-2. Многу понеизвесно беше во вториот, откако Блокс спаси две брејк топки при 4-4, но Зверев успеа да стигне до брејк при 5-5 и да го добие сетот со 7-5, со тоа и мечот за пласман во големото финале.

Во дуелот за трофејот германскиот ас го очекува најголемиот можен предизвик – дуелот со првиот носител Јаник Синер.

Се вчитува...