Тиквеш „раскина“ со тренерот Христов, помошниците и со спортскиот директор – од утре клубот има нов газда

Екипата на Тиквеш донесе одлука да ги раскине договорите со тренерот Борче Христов, со неговите помошници Трајче Стојковски, Ванче Шиков, Баже Левков, како и со спортскиот директор Љупчо Трајковски.

Целокупното раководење на клубот од утре го презема ко-сопственикот Цезер Браво, кој ќе раководи со тимот до крајот на сезоната.

„Клубот ќе продолжи да функционира чесно, професионално и во интерес на сите љубители и поддржувачки на ГФК Тиквеш, со јасна цел – стабилност и напредок до крајот на сезоната. Клубот им се заблагодарува на стручниот штаб, неговите асистенти и спортскиот директор за нивниот придонес и ангажман“, стои во објаваа на Тиквеш.

 

Се вчитува...