Драма во полуфинале: Маџари сензационално го победи ТФТ

Маџари направи сензација и го победи ТФТ во првиот натпревар од полуфиналниот плеј-оф во кошаркарската Супер-лига со 82-84. Победникот се решаваше дури по продолженијата, откако Маџари и во регуларниот дел „прокоцка“ 11 поени разлика на три минути до крајот на  средбата.

Мечот мина во неверојатна резултатска „вртелешка“, двата тима се менуваа во водството, за на крајот Маџари да испушти огромна предност. ТФТ со неверојатна серија од 11-0 во последните моменти од мечот, се спаси од сигурен пораз, и се избори за продолженија. Од 62-73, до 73-73 на крајот, и дополнителни минути.

Таму двата тима се менуваа во водството и беше драматично. Ташовски погреши на 16 секунди пред крајот на резултат 83-82, кога ја додаде топката на никого, и така му даде шанса на Маџари дополнително да се одлепи.

Задоцнија со прекршок кошаркарите на ТФТ, па му дадоа можност на Маџари со две слободни фрлања да се одлепи. Реализираа само едно, потоа ТФТ имаше шанса да дојде до израмнување, меѓутоа погрешија, па така гостите славеа триумф.

Залудно Говенс кај ТФТ постигна 28 поени, кога Маџари одигра тимски, а најефикасен беше Грин со 19 поени.

Се вчитува...