Шок на почетокот од плејоф серијата од полуфиналето на Западот во НБА – Минесота го победи Сан Антонио на гости (104:102). Ентони Едвардс се врати на теренот по повредата, го предводеше тимот и заедно со Руди Гобер и Џејден МекДениелс покажаа дека не случајно ги нокаутираа Денвер и Никола Јокиќ во првото коло од плејофот.
Кога ќе ја погледнете статистиката, едноставно е неверојатно што направи Виктор Вембањама , имаше трипл-дабл со блокади . Звучи невозможно, но се случи. Имаше 11 поени, 15 скока, 12 блокади и 5 асистенции. И покрај ова, доживеа целосен шок на почетокот од серијата.
Драматичен финиш беше забележан во кој Минесота за малку ќе ја испуштеше победата. Харпер заби за 104:102, Рендл промаши, па Сан Антонио се реши со тројка да прави пресврт, но Шампањи не погоди.
Не беше така драматично во вториот натпревар помеѓу Њујорк и Филаделфија. Заврши со триумф на Никси со 137-98, и водство во серијата. Освен во првата четвртина кога гостите имаа предност, потоа Њујорк го презеде водството, и не го испушти до крајот на мечот.
Немаа решение гостинските кошаркари за Брансон кој уфрли неверојатни 35 поени. Кај Филаделфија Џорџ беше најефикасен со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
