Новак Ѓоковиќ се враќа на теренот по пауза поради закрепнување од повредата на лактот. А пред крајот на сезоната на земјена подлога, тој доби засилување во тимот на важна позиција.
Станува збор за новиот физиотерапевт Карлос Кошта. Ова е голема промена со оглед на тоа што е познато дека Миљан Амановиќ ја извршуваше таа улога со години.
Португалецот не е сосема непознато лице за Новак Ѓоковиќ. Двајцата работеа заедно и за време на Индијан Велс, па ова е логична низа и формализација на соработката. Ѓоковиќ не е првиот клиент на Кошта меѓу тенисерите. Тој соработуваше со Ана Ивановиќ, Томи Хас, Томаш Бердих, Жоао Соуза…
Тој е долгогодишен член на медицинскиот тим на машката и женска тениска репрезентација на Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
