Кошаркарите на актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плеј-офот од Суперлигата откако денеска на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ славеа против Пелистер со 80-75.
Домаќините фуриозно го отворија натпреварот и по десет минути веќе имаа двоцифрена предност 28-18. Битолчани заиграа подобро во вториот период, па на пауза заминаа со негатива од само четири поени (39-35).
Вториот дел ни донесе надигрување на двете страни, но металците во клучните моменти беа посконцентрирани што беше доволно за триумф од 80-75 и водство во серијата прв до две победи.
Маслинко со 15 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Брејси Дејвис заврши со 23 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА















