Фудбалерите на актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен се пласираа во ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва ремизираа на реваншот против Баерн Минхен на „Алијанц арената“ 1-1.
По феноменалниот натпревар одигран пред осум дена во Париз кој заврши со победа на „светците“ од 5-4, неверојатен старт имаше и овој дуел откако гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Усман Дембеле уште во 3. минута на асистенција на Квича Квараскелија.
Во продолжението од мечот Луис Енрике тотално го надигра Винсент Компани. ПСЖ тотално ја умртви играта и не му дозволи на противникот да создаде ниту една голема шансa се до 94. минута кога Хари Кејн израмни на 1-1. Сепак, сето ова беше предоцна а „светците“ стигнаа до ново финале во елитното натпреварување.
Bayern Munich 0 – [1] PSG [4-6 on agg.] – Ousmane Dembélé 3'
byu/ayoefico insoccer
Во финалето кое е закажано за 30. мај на „Пушкаш арената“ во Будимпешта Пари Сен Жермен ќе се сретне со Арсенал кој вчера беше подобар од Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
