Нов шок за Реал Мадрид: Дефанзивецот го чека пауза од една година!?

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, би можел да отсуствува повеќе од една година поради повреда на квадрицепсот. Тој го напушти теренот по само 14 минути од натпреварот против Еспањол минатиот викенд.

Според првичните извештаи, се очекуваше Менди да отсуствува околу пет месеци, но се чини дека повредата е потешка отколку што првично се сметаше.

Некои медиуми во Шпанија одат чекор понатаму и пишуваат дека е доведено во прашање и продолжувањето на неговата кариера.

Се вчитува...