На две кола пред спуштање на завесата во ПМФЛ, Арсими и Башкими излегуваат на директна пресметка која може да вреди опстанок. „Златните“ бодови се на маса, а притисокот е доведен до точка на вриење.
Домаќинот Арсими е во одлична серија со 10 освоени бодови од последните пет меча, но Башкими по триумфот над Шкендија покажа дека знае како со фаворитите. Во пресрет на овој дуел свое очекување изнесе дефанзивецот на Арсими, Џелил Абдула, кој потенцира дека натпреварот ќе биде исклучително тежок, но целта е јасна, а тоа е победа.
”Нè очекува многу тежок натпревар бидејќи го знаеме квалитетот што го поседува Башкими, но нашата цел е јасна позитивен резултат. Малку сме разочарани што не ги освоивме трите бода против Тиквеш, но и еден бод значи многу во овие последни натпревари од сезоната”, изјави Абдула.
Кумановци доаѓаат во Гостивар со една цел – дефинитивен опстанок во прволигашкото друштво.
„Ова е многу важен натпревар за двете екипи. Арсими бара бодови за бегство од зоната на баражот, додека Башкими сака крај на сезоната без грижи. Ние сме екипи кои меѓусебно се почитуваат, но во текот на тие 90 минути секој ќе се бори за ‘златните’ три бода,“ изјави Реџеп Мурати.
Според него, притисокот е на страната на домаќинот, што може да биде предност за кумановци.
„Се надевам дека од Гостивар ќе се вратиме со победа и успешно ќе ја запечатиме нашата прва сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Верувам дека притисокот врз домаќините ќе биде наша предност,“ додаде меѓу другото Мурати.
Во досегашните 10 меѓусебни пресметки меѓу овие две екипи, Арсими забележал 5 победи, 2 натпревари завршиле нерешено, додека Башкими триумфирал 3 пати.
Натпреварот од 31-то коло помеѓу Арсими и Башкими ќе се одигра на стадионот во Гостивар, со почеток во 16:00 часот.
В
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
