Опстанокот во романскиот шампионат ќе се решава во последното коло, а за Херманштад вечерва еден од хероите е Марко Ѓорѓиевски. Македонскиот интернационалец асистираше за првиот гол за својот тим, во ремито 2-2 против Металглобус, последнопласираниот тим на табелата, кој сигурно се сели во понизок ранг.
Ѓорѓиевски ја запиша првата асистенција во сезоната, а досега има два постигнати гола, а од крајот останува уште едно коло.
Херманштад ќе игра против ФЦСБ во плеј-аутот, и ќе му треба победа за да се надева за опстанок и тоа најверојатно преку бараж.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
