Македонскиот интернационалец Андреј Лазаров останува во Хрватска и ќе игра за Горица. Тој ќе игра во овој клуб во следната 1,5 година. Досега настапуваше за тимот на Рудеш.
Лазаров ја почна кариерата во Работнички, а потоа од Тиквеш, се пресели во Хрватска. Играчот од средниот ред ќе остане во Горица најмалку до 2025 година, а има можност договорот да биде продолжен на уште една година.
Лазаров во есенскиот дел од машмпионатот во Хрватска одигра 13 натпревари, со еден постигнат гол или вкупно одигра 756 минути за Рудеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА