А голови ќе ставите ли за да играме? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Израел,

Никола Ѓуровски

Дојдовме во „светата земја“, пс изгледа треба да сме воодушевени од самиот престој и не треба премногу да „аздисуваме“. Фудбалската репрезентација на Македонија е сместен во Ашдод, околу 70 километри од Бер Шева, градот домаќин на утрешниот квалификациски меч. Во овој град среде пустина, имало само еден репрезентативен хотел и тој си го резервирале навреме Израелците. За Македонија, понудиле хотели во Ашдод, користејќи го правилото на УЕФА дека гостинската селекција може да биде сместена и до сто километри од местото на одигрување на мечот.

Стадионот „Тото Тарнер“ во Бер Шева, каде настапува фудбалскиот клуб Хапоел Бер Шева е нов, навистина убаво здание, но на теренот се уште ги нема головите, иако веќе се наместени знамињата на двете репрезентации и декор-позадината за квалификациите на ЕП 2020. Очигледно Израелците се служат со „нечисти игри“, а селекторот Игор Ангеловски и јавно им се заблагодари на „гостопримството“.

ЕКИПА успеа да направи комплетна разгледница од стадионот каде утревечер (20.45 часот) Македонија ќе го игра петтиот квалификациски меч од циклусот за ЕВРО 2020. Град среде пустина, а на самиот негов почеток, сместен е стадионот „Тото Тарнер“.

 

Се вчитува...