АБА: Фаворитите не дозволија изненадување во првото коло од регионалното првенство

Најсилното регионално првенство се врати во етерот овој викенд, а на натпреварите одиграни ширум поранешната Југославија фаворитите ги оправдаа очекувањата. Црвена Звезда славеше убедливо против МЗТ Скопје, Партизан ја прегази Цибона пред гостувањето во нашиот главен крад, а Еврокуп-клубовите Будуќност и Цедевита Олимпија кои воедно се и најголемите ривали на белградските гиганти беа убедливи во своите натпревари.

Будуќност на домашен терен во Подгорица славеше против Сплит со убедливи 94-59 во натпревар во кој црногорскиот тим го од минута во минута го кршеше и го скрши отпорот на хрватскиот состав, додека Цедевита Олимпија дозволи само една егал четвртина против Борац Чачак за победа од 98-81.

Партизан, Будуќност и Цедевита Олимпија воедно се и три од четирите следни противници на МЗТ Скопје во АБА лигата. Следниот дуел за „штрковите“ е против „црно-белите“ во СЦ „Јане Сандански“ на 10.10, потоа следи гостување во главниот град на Црна Гора, а по мечот против Студентски Центар во Аеродром и гостување во Љубљана.

Се вчитува...