АБА Лига: Мега талентот Пркачиќ ја предводеше Цибона, Црвена Звезда прелесно со Сплит

Цибона и Црвена Звезда ја отворија новата сезона во АБА лигата со победи над Морнар, односно Сплит. Хрватскиот тим на крилјата на Роко Пркачин и неговите 24 поени и 6 скока славеше со 77-87 на гостувањето во Бар, додека Србите на домашен терен беа убедливи против Сплит со 97-61.

Цибона победата ја најави уште од самото отварање на мечот, а по 10. минути игра имаше предност од +12 (16-28), добрата игра продолжи и до крајот на првото полувреме за зголемување на водството (32-51). Црногорскиот тим успеа да ја сведе високата предност на едноцифрена во текот на третата четвртина, но немаше сили за целосен пресврт.

Убедлив меч одигра и Црвена Звезда која ја докажа врвната форма пред почетокот на Евролигата. Белграѓани кои по првата четвртина имаа предност од 22-16, ја осигураа победата веќе до крајот на првото полувреме кога победоа со 53-28. Добрата игра на „црвено-белите“ продолжи и во третата четвртина за +34 (75-41), a до крајот предноста се искачи на +36.

Никола Ивановиќ имаше одлично деби во „црвено-белиот“ дрес со 20 поени, 6 скока и 6 асистенции, додека предводник на Сплит беше Сани Чампара со 10 поени.

Се вчитува...