АБА-лигашите се враќаат на домашната сцена за комплетирање на седмото коло

Првата кошаркарска лига продолжува денеска со дуелите помеѓу МЗТ Скопје 2 и Пелистер, односно Ангели и МЗТ Скопје со кои ќе биде комплетирано седмото коло.

Првиот од нив ќе биде одигран во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 15 часот каде на младите штркчиња им гостуваат битолските „зелено-бели“. Аеродромци чекаат на изненадување и втората победа во сезоната, а Пелистер рехабилитација од неуспешниот турнир во Осијек каде беа забележани два порази и продолжување на перфекцијата на домашно тло.

Продолжување на победничката низа ќе бара и МЗТ Скопје во дуелот против фенерџијата Ангели од 18 часот и 30 минути во Кисела Вода. Аеродромци се во серија од пет победи едно по друго, а новалијата во Првата лига сеуште чека на историската прв победа во првенството.

АБА-лигашите важат да фаворити на овие средби, а дали заморот од натпреварите во Осијек и долгото патување од Хрватска ќе успеат да го искористат тимовите од дното на табелата останува да видиме.

Се вчитува...