АБА-лигашки дуел на домашната сцена: Пелистер го угостува МЗТ Скопје

По интересните три средби со кои беше отворена новата сезона во македонското кошаркарско првенство, возбудувањето продолжува денеска со натпреварот на АБА-лигашите, Пелистер и МЗТ Скопје во Битола со почеток од 18 часот и 30 минути.

Дуелите на овие два тима претходната сезона ни приредија одлична кошарка, а во регуларниот дел од сезоната бодовите беа поделени со одбрана на домашниот терен. „Зелено-белите“ и „сино-белите“ повторно се сретнаа во полуфиналето во кое битолчани настапија без тренерот Марјан Илиевски и повредениот Бојан Трајковски па избраниците на Дарко Радуловиќ успеаја да го надиграат противникот.

МЗТ Скопје за денешниот дуел ќе отпатува во Битола со ослабен состав без Мекиќ, Крстевски и Рикиќ, но и покрај тоа овој меч ќе биде добра подготвка за двата тима за престоечкиот турнир на АБА2 лигата кој ќе се одржи на Златибор од 10. до 14. октомври.

Се вчитува...