АБА-лигашкиот дуел за Пелистер – Битолчани го „скршија“ отпорот на МЗТ Скопје во финишот

Кошаркарите на Пелистер стигнаа до првата победа во сезоната откако во дуелот на АБА-лигашите славеа над МЗТ Скопје со 82-79. Аеродромци кои на овој меч настапија со само седум кошаркари повеќе од 30. минути беа рамноправен противник на „зелено-белите“, а битолчани успеаја да го скрушат опорот на актуелниот шампион во последната четвртина за првата голема победа во новата сезона.

МЗТ Скопје го отвори натпреварот со четири тројки со кои рано стигна до предност (7-12), но како што одминуваше првата четвртина Пелситер успеа да ја завцврсти одбраната и по 10. минути игра да поведе со 20-17. Добрата игра на битолчани продолжи и во поголемиот дел од втората четвртина, во еден момент избраниците на Илиевски имаа и позитива од осум поени (37-29), но не успеаја истата да ја задржат. МЗТ Скопје на крилјата на капитенот Стојановски влезе во ритам, а шестте поени на искусниот играч беа дополнети со тројката на Робев за превземање на водството по првото полувреме (37-38).

Моментумот на „сино-белите“ продолжи и на отварањето на вторите дваесет минути па во еден момент „штрковите“ поведоа и со 39-47, но не успеаја и да ја задржат предноста. Следеше нов добар период на домаќините кои стигнаа и до изедначување (52-52), но МЗТ Скопје беше оној кој по 30. минути игра имаше предност од еден напад (57-60). Изедначениот натпревар продолжи и на отварањето на последната четвртина во која со серија од 8-0 домаќините го срушија отпорот на противникот и стигнаа до предност од 71-65 на 4:44 до крајот. Аеродромци повторно се обидоја да се вратат во игра, но и покрај тоа што стигнаа до негатива од само еден напад (73-71) истото беше недоволно за пресврт.

Бобан Стајиќ беше предовдник на Пелистер со 23 поени и 4 асистенции, Игор Кесар додаде 16 поени и 8 скока, додека дабл-дабл учинок од 12 поени и 10 скока забежа Бојан Трајковски. Целата почетна петорка на МЗТ Скопје постигна двоцифрен број на поени, а предводник беше Дејвис со 21 поен и 7 скока. Деби со дабл-дабл учинок од 17 поени и 11 скока имаше Милошевиќ, додека Дамјан Робев дополни 14 поени и 7 скока.

Се вчитува...