АБА-лигата го промени системот на напреварување

Новата сезона на АБА-лигата ќе стартува за десетина дена, а челниците на регионалното натпреварување синоќа изгласаа промени во системот на нокаут-фазата.

Имено, наместо досегашните четири, од новата сезона пласман во плејофот ќе обезбедат најдобрите шест тима од регуларниот дел од сезоната. Од нив, најдобрите два директно ќе се пласираат во полуфиналето, а останатите четири ќе разигруваат за место во полуфиналните пресметки (третиот против шестиот, четвртиот против петтиот).

Воедно, АБА-лигата ги додели и вајлд-картите за новата сезона во АБА2, кои заминаа во рацете на Златибор и Широки бријег. Македонија ќе има два претставници во оваа лига, во МЗТ Скопје и Пелистер, а не се исклучува можноста во последен момент да им се приклучи Еуро Никел, доколку се реализираат најавите за повлекување на Горица од АБА2-лигата.

Се вчитува...