АБА-лигата никогаш посилна: И Будуќност донесе мега-засилување

Конкуренцијата во АБА-лигата никогаш не била посилна, Црвена Звезда повторно носи сериозни засилувања, истото е случај и со Партизан откако на клупата на „црно-белите“ седна Жељко Обрадовиќ, а од трката за највисок пласман нема намера да се откаже ниту Будуќност. Црногорскиот гигант денеска одговори на потезите на ривалите, официјализирајќи го трансферот на Владимир Мицов, кој доаѓа во Подгорица од редовите на Олимпија Милано.

Овој трансфер го означува камбекот на Мицов во Будуќност, каде овој крилен кошаркар ја лансираше фантастичната кариера со добри настапи од 2006 до 2009 година. Мицов потоа настапуваше за Паниониос, Басконија, Канту, ЦСКА Москва, Галатасарај и за Олимпија Милано, за на крајот да одлучи да се врати назад во Будуќност.

Тој е четвртото засилување за тимот предводен од Александар Џикиќ, по Един Атиќ од Игокеа, Марко Јагодиќ Куриџа од Црвена Звезда и македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли. Во однос на ланкиот состав, тимот на Будуќност го напуштија Никола Ивановиќ, Лука Митровиќ, Амадео Дела Вале, Мелвин Еџам и Драган Апиќ.

Се вчитува...