АБА-лигата потврди: МЗТ Скопје, честито влез во АБА1

МЗТ Скопје со пласманот во финалето од АБА2 завршниот турнир автоматски обезбеди и учество во елитното друштво за наредната сезона, бидејќи за ривал го има Златибор, а Србија веќе има пет места во АБА1-натпреварувањето.

Оваа информација вечерва официјално ја потврди и АБА-лигата преку официјалните профили на социјалните мрежи.

„Со пласманот во финалето на АБА2 за 2022 година, КК МЗТ Скопје си обезбеди место во АБА-лигата за сезоната 2022/2023“, објави АБА крај победничките фотографии од тренерот Петровиќ, навивачката група „Фемили Аеродром“ и прославата на кошаркарите.

 

Се вчитува...