АБА: МЗТ пред „невозможна мисија“ во Љубљана

Натпреварите против претендентите за титула во АБА лигата на МЗТ Скопје продолжуваат денеска од 18 часот во легендарната сала „Тиволи“ во Љубљана каде „сино-белите“ силите ќе си ги одмерат со Цедевита Олимпија. Словенскиот состав кој се натпреварува и во Еврокупот е апсолутен фаворит за денешниот натпревар, но аеродомци не патуваат во Словенија со бело знаме.

Тренерот Петровиќ на средбата гледа како добра шанса за докажуваме на добрата форма, а доколку неговите играчи го реализираат договореното не ја исклучува можноста за два бода.

„Пред нас е уште еден меч против тим од големата јадранска четворка, кој игра во Еврокупот и кој со квалитет дефинитивно ќе се замеша во борбата за највисок пласман во АБА. Без разлика на тоа, во Љубљана доаѓаме да се надигруваме и да потврдиме дека формата ни е во нагорна линија. Ќе мора да трчаме во сите 40 минути и да одиграме агресивно бидејќи само така може да му парираме на силниот ривал. Наше е да одиграме како што се договоривме пред мечот, па ако ни се укаже некоја шанса да пробаме да го изненадиме фаворитот“, вели стратегот на МЗТ.

Во фокусот на средбата повторно ќе биде бековската линија каде „штковите“ ќе мораат да го лимитираат несудениот македонски репрезентативец Јоги Ферел, а со тоа и да го спречат одличниот проток на топката на Словенците кој носи отворени обиди за квалитетните кошаркари.

Словенскиот тим води во меѓусебните дуели против МЗТ Скопје со 7-5, но аеродромци ите како знаат како се освојува Љубљана. Последен пат домот на Олимпија беше освоен во сезоната 2016/17 кога предводени од Анте Назор, „сино-белите“ одиграа речиси перфектен натпревар.

Се вчитува...