АБА-полуфинале: Црвена звезда е пресилна за Морнар

Црвена звезда во голем стил ја стартуваше полуфиналната серија со Морнар, со триумф од убедливи 91-63  покажувајќи зошто важи за главен фаворит во АБА-лигата и оваа натпреварувачка сезона. Бранителот на трофејот уште во раната фаза на натпреварот се одлепи, во 9. минута стигнувајќи до првата двоцифрена предност (22-11).

Како што одминуваше времето, така и позитивата на „црвено-белите“ се зголемуваше. На одмор се замина со резултат 41-22, а Перо Антиќ и соиграчите не застанаа тука, продолжија да доминираат до самиот крај и на крајот славеа преубедлив триумф од 28 поени разлика.

Македонскиот интернационалец имаше скромен ефект од пет поени и два скока за дванаесет минути игра. Најефикасен кај Црвена звезда беше Фелдеин со 23 поени, додека прв стрелец на Морнар на денешниот натпревар беше Нидам со 16 поени.

Се вчитува...