АБА потврди: МЗТ и Пелистер ќе играат во втората лига

Раководството на АБА-лигата ги разреши дилемите околу изгледот на натпреварувањето за новата сезона. Во неа ќе учесствуваат 14 екипи, од кои дванаесет се веќе познати, а останатите две што ќе добијат вајлд-карти дополнително ќе бидат објавени.

Македонија повторно ќе има два претставници во втората лига од регионалното натпреварување, МЗТ Скопје и Пелистер. Битолскиот тим ќе го заземе местото на Работнички, кој лани не се прослави во настапите во АБА2 лигата.

Македонските клубови за ривали ќе ги имаат: Борац Бања Лука, Горица, Ловќен, Хелиос Санс, Младост, Подгорица, Рогашка, Спарс, Сутјеска и Војводина.

Се вчитува...